Маја Мед повеќе години е носител на бројни награди од специјализирани научни тимови за проценка на квалитетот, што е доказ дека има завидна позиција на пазарот. Постојаниот технолошки напредок, кој вклучува инвестирање во технологија на производство и нејзино модернизирање, како и во едукација и обука на персоналот, резултираат со производствен капацитет на 500 тони мед годишно.