“Ниеден чин на љубезност, без оглед на тоа колку е мал, не е залудно потрошен”– Езоп
Секое семејство заслужува да има оброк на својата трпеза. Затоа, во пресрет на Велигденските празници, нашата компанија заедно со организацијата“Стопли срце” одлучи да донира пакети со храна на 6 социјално загрозени семејства.
Со оваа наша иницијатива сакаме да покажеме дека со заеднички сили можеме да помогнеме секое семејство достојно да ги помине празниците и да ги поттикнеме сите општествено одговорни компании да го следат примерот и секој да помогне во рамките на сопствените можности.
Нашата компанија секогаш ќе се труди да одговори на сите барања за хуманитарни акции.