Паста со грашок и сланина во кремаст карбонара сос
Искористете 15 минути од вашето време за овој одличен оброк од пилешко со спанаќ, печурки и кашкавал, и уживајте во остатокот на денот слободни!
Состојки
375 гр. тестенини по ваш избор
1/2 печено пиле, со отстранета кожа и коски, месо грубо исечкано
200 гр печурки
250 мл. неутрална павлака
120 гр. спанаќ
250 гр. рендан кашкавал
Инструкции
Загрејте ја рерната на 200°C. Ставете ги тестенините во големо тенџере и варете ги според упатството. Пропржете ги печурките на средно висока температура околу 5 минути, додадете ја павлаката и гответе додека да згусне. Потоа измешајте ги тестенините, пилешкото, сосот од печурки и спанаќот во голем сад за печење, зачинете по желба и измешајте. Рамномерно посипете со кашкавалот врз тестенините и ставете да се пече околу 20 минути или додека не порумени. Послужете веднаш. Наздравје!