Паста со грашок и сланина во кремаст карбонара сос

recept

Паста со грашок и сланина во кремаст карбонара сос

Рецептот за оваа недела е оваа превкусна паста со грашок и сланина измешани во кремаст карбонара сос … Ефтина, брза и вкусна вечера во која сите ќе уживаат.

Состојки

  • 180 гр ситно сецкана сланина
  • 1½ лажица маслиново масло
  • 1 голем кромид, ситно сецкан
  • 4 чешниња лук, ситно сецкани
  • 300 гр шпагети
  • 3 јајца, лесно изматени
  • 50 гр пармезан, ситно рендан
  • 185 грама грашок (Вочар Паланка)
  • Неколку свежи гранчиња магдонос, лисја ситно сецкани

Инструкции

  1. Ставете тава на средна температура и ставете ја сланината да се пржи околу 2 минути или додека не добие златна боја и не стане крцкава. Загрејте го маслото во голема тава на средно висока температура и пржете го кромидот додека не омекне. Додадете го лукот и пржете уште 2 минути, а потоа намалете ја температурата. Во меѓувреме сварете ги тестенините според упатството. Додадете ги изматените јајца и поголем дел од пармезанот на кромидот и мешајте 1 минута. Додадете го грашокот, тестенините и малку сол и бибер. Малку зголемете ја температурата и гответе, мешајќи околу 2 минути. Додадете ја сланината и остатокот од пармезанот и послужете. Наздравје!

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА

Share on facebook
Share on linkedin
Share on email