“Ниеден чин на љубезност, без оглед на тоа колку е мал, не е залудно потрошен”–
ЕзопСекое семејство заслужува да има оброк на својата трпеза. Затоа, во пресрет на Велигденските празници, нашата компанија заедно со организацијата“Стопли срце” одлучи да донира пакети со храна на 6 социјално загрозени семејства.
Со оваа наша иницијатива сакаме да покажеме дека со заеднички сили можеме да помогнеме секое семејство достојно да ги помине празниците и да ги поттикнеме сите општествено одговорни компании да го следат примерот и секој да помогне во рамките на сопствените можности.
Нашата компанија секогаш ќе се труди да одговори на сите барања за хуманитарни акции.