Немате инсталирано флеш-плеер или тој е застарен.Кликни овде за да симнеш најнов флеш-плеер.

За нас Печати E-mail

1. ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА


img
ЏС АКТУЕЛ ДООЕЛ е основана во 1990 година во приватна сопственост на Г-динот СТЕРЈОСКИ ЃОКО, со седиште на Ул.624 ББ – 1000 Скопје.

Основна дејност на компанијата е увоз и дистрибуција на прехрамбени производи низ целата територија на Република Македонија. Сите производи се од познати марки (BRAND-name производи) и потекнуваат од реномирани Европски производители.

Основна цел на нашата компанија е пробивање на BRAND-овите на Македонскиот пазар и поставување на место кое тие го заслужуваат и на кое се наоѓаат во сите земји низ Европа и светот.

Во рамките на компанијата се вклучени неколку сектори и тоа :

Сектор за набавка и продажба - комерција;

Сектор за финансии ;

Сектор за логистика и дистрибуција;

Услужна служба


img
Графички приказ на организацијата во ЏС Актуел



2. ГЕНЕРАЛЕН ЗАСТАПНИК И ЕКСКЛУЗИВЕН ДИСТРИБУТЕР


    Нашата компанија е генерален застапник и ексклузивен дистрибутер за Република Македонија за сите производи од целиот асортиман од следниве производители :

RAISIO POLSKA FOODS

Земја на потекло : Полска (по лиценца на Шведска)

Brands:
BORDS EVE ,ADELA (маргарини)
DUET (млечен крем-сир намази)


PFANNER

Земја на потекло : Австрија

Brand : PFANNER
Овошни сокови , ледени чаеви и енергетски производи


PIVKA

Земја на потекло : Словенија

Brand : PIVKA – Салами , Смрзнато пилешко месо ( пиле , батак , карабатак , џигер , филе ) , паштети

Освен за брендовите за кои ЏС АКТУЕЛ е генерален застапник , вршиме и дистрибуција на познати светски брендови како што се :

LACTALIS INTERNATIONAL

Земја на потекло : Франција

Brand : PRESIDENT
Млеко и млечни производи ( путери , топени сирења , кашкавали , сирења со мувла , шлаг пена и др )


DUKAT

Земја на потекло : Хрватска

Brands :
DUKAT : Млеко и млечни производи (јогурт, павлака, овошни јогурти)
SIRELA : Топено сирење PICOK , Кашкавал PODRAVEC.


SOMBOLED

Земја на потекло : Србија

Brand : SOMBORSKA FETA – FETA сирења

3.СЕКТОР ЗА НАБАВКА И ПРОДАЖБА


    Овој сектор е задолжен за комплетна организација на увозот на артиклите . Постојана комуникација со нашите добавувачи и координирање на целиот процес на увоз , што ги подразбира сите обврски околу царинење , шпедиција , анализа на квалитетот на производите итн .
    Се грижи за дозволи за увоз , квоти и останати пропратни документи што се неопходни за увоз на робата .
    Секторот за увоз во исто време директно соработува со секторот за продажба заради координација на оптималните залихи на артикли и навремено организирање на транспорт и увоз на истите .
   

Секторот за продажба го организира целиот процес на продажба на производите од моментот на излез од магацин па се до крајниот потрошувач .
Секторот е организиран по европски модел на комерција што подразбира прецизно дефинирани работни задачи и обврски и претставува јадрото на фирмата . Во својот состав има исклучиво стручни кадри , обучени по светски  тренинг програми и методи за продажба .
Истиот е во постојана координација со останатите сектори .

Под своја надлежност ги организира следниве активности :

Комункација со деловни партнери и нивна посета.

Изготвување на нарачки по продажни локации на целата територија на Република Македонија.

Директна продажба во преку 1000 продажни локации и индиректна преку нашите субдистрибутери на повеке од 5000 продажни локации.

Позиционирање на робата во продажните локации.

Следење на продажбата на нашите производи што подразвира: динамика на продажба , рок на траење на артиклите и сл.

Анализа на пазарот и следење на конкуренција на артикли од иста категорија на нашите производи.

Развивање и унапредување на продажбата.

Организирање на промоции , акциски продажби , дегустации и други маркетинг активности.

Изготвување на извештаи и анализи за целокупното работење на неделно , месечно и годишно ниво.


5. СЕКТОР ЗА ЛОГИСТИКА И ДИСТРИБУЦИЈА


    Секторот е надлежен за складирање на робата и чување под строго дефинирани услови и стандарди пропишани со законот .
Овој сектор е задолжен за навремена и квалитетна испорака на робата по продажните локации .
Под своја надлежност го има возниот парк и го организира целиот процес на логистика на дистрибуција по градови и реони .
Притоа се грижи за условите на транспорт како што е температура пропишана за транспорт за сите групи на производи .


6. СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ


Под свој ресор ги има сите надлежности поврзани со финансии како што се :

Отворени ставки по коминтенти

Финансиски одобренија и задолженија

Измирување на обврски према добавувачите

Сите финансиски трансакции

Акредитиви , дознаки и сл.


7. УСЛУЖНА СЛУЖБА



 

©2017 JS AKTUEL

Valid XHTML 1.0 Transitional Valid CSS!

  • http://aktuel.com.mk/km160.asp