Немате инсталирано флеш-плеер или тој е застарен.Кликни овде за да симнеш најнов флеш-плеер.

Прашања и одговори Печати E-mail

1. Дали Bords Eve e посен маргарин?

2. ...дали соковите Pfanner содржат шекер?

3. Дали децата и младите е подобро да користат полномасно млеко или млеко со помал процент на млечни масти?

4. Дали децата смеат да користат производи што содржат LGG?


 


Прашање_1 [ Милена Атанасовска - Скопје ] :
Дали Bords Eve e посен маргарин ?

Одговор :
Bords Eve во стандардна варијанта не е посен маргарин .
Но Bords Eve како и секогаш , така и за време на постите се грижи за своите обожаватели и за таа намена лансираше производ без млечни масти односно од растително потекло .
Тој е специјално издание и можете да го најдете Во Вашите маркети токму во периодите кога се пости . Изгледа многу слично на стандардниот Bords Eve но има посебен стикер со назнака ПОСЕН МАРГАРИН . Инаку за оние кои сакаат постојано да користат посни маргарини а не само за време на пости , Ви го препорачуваме маргаринот од истиот производител на Bords Eve ( RAISIO ) , а тоа е МАРГАРИН АДЕЛА . Достапен е во пакување од 500гр и 250гр.
Тој е многу лесен маргарин од растително потекло и може да се користи за секоја прилика .
Мотото на овој маргарин е : Ова е мојот омилен вкус ! Пробајте го ....


                                                                         

 


Прашање_2 [ Елена Милановска - Битола ] :
Здраво , ....
Нивото на шекер во крвта ми е покачено до критична граница и сега стварно имам проблем ...
Обожавам да пијам овошни сокови, но во Битола е тешко да ги најдеш ... многу од нив се декларираат дека не содржат шекер но јас се сомневам во тоа . Затоа би сакала Вас да Ве прашам дали соковите Pfanner содржат шекер ?

Одговор :
Pfanner во својата палета на производи има неколку врсти на сокови кои се без шекер .
Во суштина сите сокови од Pfanner што содржат 100% на овошје , во својот состав немаат шекер .
Pfanner соковите се произведуваат во строго контролиран процес и ги има сите потребни сертификати за контрола на квалитетот .
Мораме да напоменеме дека за соковите Pfanner исклучиво се користи еколошки здрава и чиста вода од подножјето на Алпите .

Еве ја листата на сокови од програмата на Pfanner кои не содржат шекер :

Сок Pfanner ПОРТОКАЛ 100% 2Л

Сок Pfanner ПОРТОКАЛ 100% 1Л

Сок Pfanner ПОРТОКАЛ – САФТ 2Л

Сок Pfanner ЈАБОЛКА 100% 2Л

Сок Pfanner ЈАБОЛКА 100% 1Л

Сок Pfanner ГРЕЈФРУТ 100% 2Л

Сок Pfanner ГРЕЈФРУТ 100% 1Л

Сок Pfanner АНАНАС 100% 1Л

Сок Pfanner МУЛТИВИТАМИН 100% 1Л

Сок Pfanner ПОРТОКАЛ – ДИЕТ 1Л

Сок Pfanner МУЛТИВИТАМИН - ДИЕТ 1Л

Изборот е Ваш , но ние би Ви го препорачале сокот што станува се повеке популарен не само кај оние кои што имаат проблем со шекерот туку и воопшто , а тоа е СОК PFANNER МУЛТИ – ДИЕТ 1Л.                                                                              
                                                                     

 


Прашање_3 [ Наташа Недељковиќ - Скопје ] :
Дали децата и младите е подобро да користат полномасно млеко или млеко со помал процент на млечни масти ?

Одговор :
На децата и на младите им се препорачува полномасно млеко .
Млекото е една од најурамнотежените намирници , ако се земе во предвид содржината потребна за нормален раст и развој на организмот .
Со редовно користење на млеко организмот постојано ги добива неопходните протеини , калциум и витамини .
Обезмастените млека треба да ги користат возрасните заради одржување и регулирање на телесната тежина ....

                                                                                 

 


Прашање_4 [ Бобан Алексоски - Охрид ] :
Дали децата смеат да користат производи што содржат LGG ?

Одговор :
Научните истражувања покажуваат дека производите што содржат LGG
смеат да им се даваат на деца со навршени 6 месеци , односни на сите кои што освен мајчиното млеко користат и друга храна .
На децата помали од 6 месеци не е препорачливо да им се даваат производи кои содржат LGG и покрај тоа што нема потврдени контраиндикации ..

                                                                                                                 

 


> За сите прашања во врска со производите и за нашата компанија , Ви стоиме на располагање .
> Вашите прашања испраќајте ги на < КОНТАКТ > ... Со почит ЏС АКТУЕЛ - Скопје .

 

©2017 JS AKTUEL

Valid XHTML 1.0 Transitional Valid CSS!

  • http://aktuel.com.mk/km160.asp